Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ ВО ШТИП: Се излечил, па повторно се заразил со коронавирусот

СЛУЧАЈ ВО ШТИП: Се излечил, па повторно се заразил со коронавирусот

Излекуван штипjанец по втор пат се заразил со коронавирусот. 

Информацијата ја соопшти директорот на штипската клиничка болница Ален Ѓеорѓијев, кој кажа дека пациентот се наоѓа на болничко лекување.

На инфективното одделение во Штип во моментов се лекуваат 35 пациенти заболени од Ковид 19, а 11 се сомнителни случаи. 

Најмногу пациенти има од Штип, но има и од Кочани, Виница, Пробиштип, Берово и од други места.

Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19. 

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), пациент од Гостивар (64г.), пациент од Тетово (82г.) и пациент од Штип (58г.) Сите пациенти се починати во болнички услови.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти. 

Слично

Поврзани вести