Центарот за социјални работи во Тетово алармираше за несекојдневен случај на можно фалсификување исправи, откако жена која според официјалните евиденции е почината пред две децении, се појавила во институцијата со новороденче.
Случајот започнал кога Управата за водење матични книги известила дека на 8 декември 2025 година во Тетовската клиничка болница е родено женско дете од мајка А.С. (27). Меѓутоа, при проверката во службените регистри, вработените останале затечени – мајката со тие податоци се водела како почината уште на 21 октомври 2006 година.
Откако биле испратени официјални покани, вчера лицето А.С. лично се појавило во Центарот заедно со бебето и уште едно машко лице, но со себе не носеле никаков документ за идентификација.
Од СВР Тетово информираат дека предметот е предаден во Обвинителството, а во координација со СВР Скопје ќе се утврдува како и кога настанала спорната состојба во евиденцијата.
