Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ ТРУСТ: Ново рочиште за милионскиот тендер од ЕЛЕМ

СЛУЧАЈ ТРУСТ: Ново рочиште за милионскиот тендер од ЕЛЕМ

Минатото рочиште на случајот „Труст“ каде се сослушуваше сведок помина со доста жестоки реакции.

Денеска треба да се одржи ново рочиште а во судница треба да сведочи управител на „Силекс неметали“.

Во „Труст“ се осомничени три правни и три физички лица. Станува збор за фирмите „Трансмет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани.

Тие на тендерот на ЕЛЕМ му доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.

Осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Слично

Поврзани вести