Економија, финансии, бизнис

Контакт

Случај Таректорија: За што сведочеа смс пораките меѓу функционерите

Случај Таректорија: За што сведочеа смс пораките меѓу функционерите

Денес во Основниот суд Скопје се одржа рочиште за предметот „Траекторија“ на кој од страна на СЈО беа презентирани СМС пораки кои според СЈО биле разменувани помеѓу високите владини функционери кои се осомничени во случајот.
Можеше да се види дека голем број на луѓе и институции учествувале во проектот, како и тоа дека двете компании Синохидро и ЦВЕ доставиле свои финални понуди на ист ден во исто време на 4.02.2013 година. Исто така можеше да се види дека компанијата ЦВЕ на 28.02.2013, значи 24 дена по истекот на рокот на кој веќе еднаш доставиле понуда, надвор од процедура пратиле писмо (но не и понуда), со кое сакале средба за да извршат корекција на својата веќе дадена понуда. Бидејќи тоа би ја довело компанијата ЦВЕ во повластена положба, таквото писмо не било земено во предвид. 

За овој случај има над 300 СМС пораки за кои СЈО предложи да бидат ставени во записник, но да не се читаат една по една.

Адвокатот Дончо Наков, имаше приговор до Судот, да се стави камера која би ја снимала табелата на која стојат пораките. Според него спорно е тоа што фајлот со пораките е креиран на 05.03.2017 година.

На следните рочишта ќе се продолжи со изведување на другите материјални докази за предметот Траекторија.

Според обвинението осомничените во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија изведувач за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања во корист на компанијата-изведувач.


Слично

Поврзани вести