СЛУЧАЈ „РЕКЕТ“: Во пораките наместо Катица Јанева користат псевдоним
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во пораките кои ги разменувале инволвираните во случајот „Рекет“ имала псевдоним.
Обвинителството денеска посочи и содржини од комуникација меѓу обвинетиот Бојан Јовановски и сега веќе осудениот Зоран Милевски Кичеец, од кои се гледа дека екс специјалната обвинителка, Катица Јанева е именувана со псевдонимот „мајка“. Во нивната меѓусебна комуникација, Јовановски во една од пораките му пишува на адвокатот Васил Димишков: „Со Мајка сум на пат, не можев да зборам.“
Слично
