СЛУЧАЈ „РЕКЕТ“: Сега Катица Јанева ќе се најде од другата страна
Шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева , чиј глас се слуша во објавените разговори во случајот „Рекет“ е повикана на сослушување во скопското обвинителство.
Јанева во вторник во ОЈО ќе одговара на прашањата за својата улога во случајот „Рекет“.
Испрашувањето на Јанева следи по месец дена од отворената истрага , во рамки на која засега се осомничени само шоуменот Бојан Јовановски-Боки13 и бизнисменот Зоран Милевски-Кичеец.
Според наводите на ОЈО, Јовановски и Милевски се сомничат за изнуда на повеќе од милион евра од скопскиот бизнисмен Јордан Камчев во замена за ослободување од притвор.
Според законите, решението за ослободување од притвор на Камчев морала да го одобри Катица, која во еден од објавените разговори меѓу Камчев и Јовановски на италијанскиот портал Ла Верита му се обраќа со зборовите „да не се грижи и дека се ќе биде во ред“.
Јанева во два наврати, по пат на официјално соопштение, вели дека не е вмешана во оваа афера, и дека се злоупотребува нејзиното име, и името на СЈО.
Слично
