СЛУЧАЈ ОНКОЛОГИЈА – „ЌЕ БИДАТ ПОВИКАНИ СИТЕ РЕЛЕВАНТНИ ИНСТИТУЦИ И ФУНКЦИОНЕРИ“: Ако Анкетната комисија донесе одлука, денеска прва седница
Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ денеска ќе ја одржи првата собраниска
седница со единствена точка на дневен ред: Предлог деловникот за работа
на Комисијата.
Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ вчера во изјава за медиумите информираше дека согласно одлуката, комисијата ќе биде надлежна за утврдување на хронологијата на настаните и околностите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, дали со скандалот се загрозени основите човекови права на пациентите кои се лекувале, политичката одговорност, како и изготвување заклучоци и препораки кои ќе имаат за цел да поведат постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции и спречување понатамошна злоупотреба, но и системски подобрувања на дефектите во оваа Клиника и целокупниот здравствен систем.
Доколку Анкетната комисија одлучи, како што кажа таа, на разговор ќе бидат повикани сите релевантни институци и функционери.
Анкетната комисија е формирана со одлука на пленумот откако во јавноста беа објавени информации за злоупотреба на терапијата за пациенти болни од рак, за што истрага отвори и Јавното обвинителство.
На почетокот на септември беше извршен претрес на Клиниката за онкологија и во два приватни стана од каде беа одземени компјутери и документација по наводите во новинарски текстови за злоупотреба на лекови наменети за пациенти болни од рак.
Пациенти болни од рак секој понеделник протестираат барајќи случајот да се истражи докрај.
ФОТО: МИА