Економија, финансии, бизнис

Контакт

Случај Несторовска: И медиумите „повикани“ во полиција, МВР бара да не се наседнува

Случај Несторовска: И медиумите „повикани“ во полиција, МВР бара да не се наседнува

И редакцијата на Фактор го доби маилот од македонската полиција потпишан од државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска, во кој стои дека примателот на пораката е повикан во полиција. 

Несторовска денеска реагираше дека ова е фалсификат и дека се прави да се предизвика вознемиреност кај граѓаните.

По начинот на кој е напишан маилот јасно е дека станува збор за некој фалсификат.

Од МВР велат дека тие не користат мејлови за повикување на граѓани во полиција и апелираат граѓаните да не наседуваваат на измамите.

„Ве известувам дека преку електронската пошта циркулира, фалсификуван допис. Истиот не е ниту испратен, ниту потпишан од мене, како Државен секретар на МВР. Се работи за груб фалсифкат со цел да предизвика вознемиреност кај граѓаните !“, вели таа.

Еве ги деталите

Слично

Поврзани вести