Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ ИПАРД: Oбвинетата Јасмина Костадинова призна дека примила поткуп од 2.000 евра

СЛУЧАЈ ИПАРД: Oбвинетата Јасмина Костадинова призна дека примила поткуп од 2.000 евра

Во судскиот процес за корупција со европските фондови обвинетата Јасмина Костадинова призна дека примила поткуп од 2.000 евра за манипулација со ранг-листата за финансиски средства. Костадинова, која работела во Министерството за земјоделство, сега бара судот да ѝ врати дел од запленетите пари за кои тврди дека се нејзини.

Првообвинет за давање поткуп во овој случај е Џевдет Насуфи, поранешен министер и директор на фирмата „Сигнас-Арго“. Покрај него, обвинет за примање мито е и Илија Стоилев, поранешен директор на Агенцијата за финансиска поддршка.

Обвинителството потенцира дека овој случај имал директни последици врз односите со Брисел.

Адвокатот на одбраната, Ѕвонко Давидовиќ, пак, побара подеднаков третман на буџетските средства.

Иако ЕК привремено ги стопираше средствата од 2,9 милиони евра поради овој скандал, тие во меѓувреме се деблокирани. За Костадинова пресудата следува во понеделник.

Слично

Поврзани вести