Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ „АКТОР“: Демир Капија – Смоквица не се гради, тврди ТВ Телма

СЛУЧАЈ „АКТОР“: Демир Капија – Смоквица не се гради, тврди ТВ Телма
Забавено e темпoто на извршување на градежните работи околу изградбата на делницата од автопатот Демир Капија - Смоквица по аферата со исплата на парите за случајот „Актор“, објави телевизија Телма. „Вообичаената раздвиженост од луѓе и машини, кои беа ангажирани во градежните активности на стартот на работите, сега ја нема, што укажува на тоа дека стапи во сила временото стопирање на дел од активностите до конечната разврска на случајот“, објавува телевизијата Меѓународните кредитори најавија вклучување во истрагата за “Актор“, а јавниот обвинител отвори преткривична постапка и ги блокираше жиро сметките на две фирми поврзани со овој предмет, како и нивниот имот. Еден од финансиерите на проектот, Европската банка за обнова и развој, денеска во кратка писмена изјава одбила да одговори на прашањата на Телма зошто сите активности се стопирани и дали тоа е поврзано со истрагата околу некои исплати на компанијата „Актор“ или пак, поради некои други причини. Според Законот за задолжување на земјава кај ЕБОР, со кредит од 107 милиони евра, првата рата би требало да се исплати на 20 април годинава. Рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс - период од три години . Околу 450 работници беа ангажирани од почетокот на изградбата на делницата, од кои стотина беа од Демир Капија. На почетокот на март „Актор“ распиша оглас за прием на нови 350 работници, гарантирајќи одлични услови за работа на вработените, како и безбедност на заштита при работа.  
Слично

Поврзани вести