Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОЖНИ БРАЌА, КУЌА ГРАДАТ: Во кабинет кај Герасимовски противкандидатите Ивановска и Среброва, само Лабудовиќ не се појавил

СЛОЖНИ БРАЌА, КУЌА ГРАДАТ: Во кабинет кај Герасимовски противкандидатите Ивановска и Среброва, само Лабудовиќ не се појавил

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, ги поканил противкандидатите Билјана Ивановска, Марија Среброва и Мирослав Лабудовиќ во неговиот кабинет, за да разговараат за идеи  и предлози со кои противкандидатите ви допринеле за развојот на животот во Центар.

Вчера Герасимовски информираше за средбата, и истакна дека имал искрен и конструктивен разговор со Ивановска и Среброва.

За жал, Лабудовиќ не можел да дојде.

„Конструктивен и искрен разговор со моите противкандидатки од локалните избори, Билјана Ивановска и Марија Среброва. За жал, на мојата покана не се одзва Мирослав Лабудовиќ поради работни обврски. На средбата, на која присуствуваше и мојот тим, дискутиравме за сите важни теми и ги слушнавме идеите и предлозите на моите две противкандидатки во изборниот процес. Со оглед на нивните искуства, Среброва како советник во Советот на Општина Центар и Ивановска како поранешна претседателка на ДКСК, очекувам нивен придонес во развојот на нашата општина. Се надевам дека оваа отворена и искрена комуникација ќе продолжи и во иднина, со цел да создадеме заеднички решенија за подобар Центар“, напиша тој.




Слично

Поврзани вести