Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЛОВЕНКАТА КОС ЗНАЕ ЗНАЕ ШТО Е ПИНЏУР А НЕ АЈВАРОТ, ОТИ БАШ ЗАРАДИ НИВ МОРАВМЕ И НЕМУ ДА МУ ГО СМЕНИМЕ ИМЕТО ВО АЈВЕР“: Трајковска брутална за изјавата на Марта Кос

„СЛОВЕНКАТА КОС ЗНАЕ ЗНАЕ ШТО Е ПИНЏУР А НЕ АЈВАРОТ, ОТИ БАШ ЗАРАДИ НИВ МОРАВМЕ И НЕМУ ДА МУ ГО СМЕНИМЕ ИМЕТО ВО АЈВЕР“: Трајковска брутална за изјавата на Марта Кос

Жанета Трајковска од граѓанскиот сектор, со реакција за изјавата на Марта Кос за македонскиот идентитет создаден од тавче гравче, полнети пиперки и пинџур.

„Верувам дека Марта Кос Словенката, никогаш не би ни го продавала тавче гравче и "пуњење паприке" како сериозен дел од националниот идентитет при нејзината прва посета во Македонија. Марта Кос Европејката да, оти некој од нејзините ПР советници помислил дека баш е слатко и симпа да се омекне дребниот народот во Македонија (упс!). Марта Кос Европејката не го знае контекстот за Македонија, нејзиното минато во Југославија, нејзините маки и мали и минорни ЕУ успеси. Словенката Кос пак, ја знае "Македонско девојче" и "Зајди, зајди", а и слушнала за Гоце, за Кирил, за прочитала за Ченто, Крушево, Климент и Охрид... Бирократот Кос, не смета дека треба да е внимателна во изјавите за манастирите без да ги спомне џамиите...оти така и рекле. Ама пак, Марта Кос Словенката знае што е пинџур и забележливо е дека баш Словенката Кос ни го пласираше пинџурот како идентитетски отпечаток, а не ајварот, оти знае таа дека баш заради нив, моравме едно време и нему да му го смениме името во ајвер. Кој ја советувал, убаво ја наместил, додека нејзиниот словенечки идентитет малку задремал и го заборавил регионот од каде потекнува. Мистејк, биг мистејк, хјуџ што би рекла една позната филмска реплика“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести