Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија се залага ЕУ да го прими целиот Западен Балкан до 2030

Словенија се залага ЕУ да го прими целиот Западен Балкан до 2030

Словенија ја притиска ЕУ да го прими целиот Западен Балкан до 2030.

Блокот е поделен околу потребата за ширење и брзината со која треба да се примаат нациите, пишува Фајненшл тајмс.

Оваа земја е актуелниот претседавач на ЕУ, и предложи Унијата да се прошири на целиот Западен Балкан до крајот на деценијата, а тоа го изнесе во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела.  Предлогот за брз прием на земјите, меѓу кои е и Македонија, го дале пред три  дена на состанокот на амбасадорите во Брисел, и наишол на вџашеност кај другите земји -членки на Унијата. Некои го опишаа предлогот како целосно нереален со оглед на економските и политичките предизвици во регионот. Но, Македонија уште не ги почнала преговорите со ЕУ.  Потребно е да се тргне бугарската блокада. 

Од бугарска страна има најави за поинтензивни разговори во периодот кој следи. 

Слично

Поврзани вести