Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словенија прва ќе не „признае“ како Северна Македонија?

Словенија прва ќе не „признае“ како Северна Македонија?

Словенија би можела да биде првата земја која официјално ќе го имплементира името „Северна Македонија“ во официјална употреба, доколку Спогодбата од Преспа се имплементира и Собранието на Република Македонија ги направи уставните промени до почетокот на следната година.

Согласно преспанскиот договор со Атина, Македонија треба да ги информира сите земји кои сега не признаваат под актуелното уставно име дека истото е променето и да се побара имплементација на истото кај овие 133 држави.

Актуелниот пратеник и претходен претседател на Држќавниот збор (словенечкиот парламент), Д-р Милан Брглез, во својата вчерашна колумна за словенечки „Дневник“, пoсветена на случувањата во Македонија, смета дека Словенија веднаш ќе го прифати новиот назив на Македонија во легислативата.

- Согласно уставните и законските прописи за надворешната политика на Словенија, можеме да очекуваме дека Државниот збор во рамките на актуелниот мандат ќе даде јавно-дипломатска поддршка за Македонија под новото име - пишува Брглез, како актуелен пратеник и експерт за меѓународни односи.

Меѓудругото, тој пишува дека Словенија од секогаш и давала поддршка на Македонија за членството во ЕУ и НАТО со лобирање и активност во Берлинскиот процес и Брдо Бриони.

Претседателот на Државниот збор на Словенија, Дејан Жидан денеска престојува во официјална посета на Македонија. Како што е најавено, Жидан ќе се сретне со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери при што ќе се разговара за унапредувањето на соработката меѓу Собранието на Република Македонија и Државниот збор на Република Словенија.


Слично

Поврзани вести