СЛОВЕНИЈА БАРА РАБОТНИЦИ:Минималната плата е 784 евра, а работата може секој да ја работи
Минималната плата во Словенија е 784 евра, што значи дека тоа е најмалата сума која може да се заработи за било која работа.
Бројот на невработени во Словенија, според податоците на Државниот завод за статистика во мај годинава во однос на истиот месец лани е намален за 9%.
На крајот на мај 102.000 луѓе биле на списокот невработени кои бараат работа. Тоа е 3% помалку од април и 9% помалку од мај лани.
Словенечките работодавци нудат над 400 работни места, главно за келнери, возачи на камиони, неквалификувани работници за во индустрија за едноставна работа, чистачи, а од стручните занимања се бараат електроинсталатери, металостругари, заварувачи.
Слично
