СЛОВЕНИЈА БАРА ПОМОШ, МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА ДА ИСПРАТИ 100 ВОЈНИЦИ: Разорните поплави ја уништија земјата и оставија шест мртви
По разорните
поплави кои ја погодија Словенија и однесоа шест живори, земјата побара помош
за справување со кризата.
ЦУК попладено информира дека до Центарот за управување со кризи како контакт точка на Република Северна Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) пристигнало барање за помош на Словенија.
-Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Северна Македонија е подготвена да испрати 100 армиски припадници, кои по донесување на Одлука на Владата и давање согласност на Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, ќе бидат подготвени да тргнат а дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност. До Дирекцијата за Заштита и спасување, како контакт точка со ЕУ, преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ пристигна барање за помош на Словенија со тешка механизација (булдожери, багери и сл.), соопшти ЦУК.
ФОТО: EPA-EFE/ZIGA ZIVULOVIC JR