Економија, финансии, бизнис

Контакт

Словачки полицајци ќе бидат распоредени околу Дојранското езеро

Словачки полицајци ќе бидат распоредени околу Дојранското езеро

Во земјава денеска ќе пристигне седмата ротација од 25 припадници на полицијата од Република Словачка кои заедно со македонската полиција ќе спроведуваат патролни активности на македонско-грчката граница. 

Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде месец дена,  со можност за продолжување.

Ова се прави со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластено преминување на државната граница.

Словачката полициска единица ќе биде распоредена во областа околу Дојранското Езеро, а е соодветно опремена со теренски возила, термални камери и уреди за ноќно гледање.

Врз основа на потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Словачка, досега во Македонија се испратени 175 полициски службеници од Словачка почнувајќи од март минатата година. 

Слично

Поврзани вести