СЛОНИЦАТА ДАЕЛА ГИ ИСПЛАШИ СИТЕ: Беше фотографирана како лежи, но активистите се уверија дека е добро, таа е во блага депресија по Дуња
Актуелна тема деновиве на социјалните мрежи е слоницата Даела, која остана единствен слон во скопската зоолошка градина, откако слоницата Дуња беше евтаназирана.
Пред неколку дена, советникот во Советот на Град Скопје и активист за заштита на животните Стефан Кирков, на социјалните мрежи прашуваше што се случува со Даела, бидејќи добивал пораки дека била во легната состојба повеќе часови.
За среќа, по овој пост, следеше нов, кој даде детални информации околу состојбата со слоницата.
„ Првенствено како љубител на животните,како човек и активист а потоа и како советник во Град Скопје по вчерашната ситуација каде добив слики од посетители дека слоницата Даела е во лоша состојба, денеска ја посетив ЗОО Скопје за лично да се уверам што се случува таму иако веќе се е напишано и кажано за оваа установа која според мене ги живее своите најлоши години во поново време!
Ја видов Даела и разговарав со ЗОО негователот кој се грижи за неа ,таа е во блага депресија поради загубата на Дуња но најбитно е во добра здравствена состојба и тоа е најбитно!!! За живеалиштето на слоницата потребна е итна инвестиција,како за неа така и за безбедноста на ЗОО негователите,потребен е целосен инвестициски пакет од персонал, ветеринар и реконструкција на објектот!Со Данела Арсовска и нејзините кадри ова не го очекуваме ,тотално се незаинтересирани за ЗОО СКОПЈЕ и за животните,со секој нивни ден страдаат животните , персона лот е несреќен но како и се што оваа "менаџерка" му стори на Градот! Ке ја издржиме а потоа..ЌЕ ОДГОВАРА!“ напиша тој на фејсбук.
