„Слободоумните патриоти“ ги обвинија за предавство Заев и Ахмети
Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува однесувањето на Заев и Ахмети, како и на нивниот како што велат поттрчко министер за надворешни работи Никола Димитров.
„Сакаме да му укажеме на велепредавничко-арнаутскиот тандем дека со нивното однесување и нанесуваат непоправлива штета на Република Македонија и на Македонскиот народ. Немаат ни кредибилитет, ни легитимитет да преговараат за промена на Уставот на Република Македонија!
Форумот на слободоумни патриоти во следниот период ќе застане рамо до рамо со Македонскиот народ и најостро ќе се спротистави на велепредавството во режија на Заев и Ахмети, поддржано од нивниот поттрчко Димитров, се наведува во соопштението на ФСП.
Ова е досега најжестокото соопштение на ФСП со кое дури и навредливо се напаѓа владата на премиерот Заев. Претходно ФСП упатуваше критики кон Никола Груевски од кого бараше да се повлече од ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
