Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛОБОДНО ОДЕТЕ НА ВОДНО И НА ПЕЛИСТЕР - Стојанче Ангелов ги израдува планинарите, еве каде се нема да важи забраната

СЛОБОДНО ОДЕТЕ НА ВОДНО И НА ПЕЛИСТЕР - Стојанче Ангелов ги израдува планинарите, еве каде се нема да важи забраната

Објавата од ЈП Национални шуми за делумна забрана за движење во шумите, ги збуни планинарите во земјава.
Вчера имаше жестоки реакции откако ЈП Национални шуми најави дека се забранува движењето.
Но, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов ги разреши дилемите.
„СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ВОДНО, ШАР ПЛАНИНА, ПЕЛИСТЕР, ГАЛИЧИЦА, МАВРОВО
(Појаснување на Делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште на ЈП Национални шуми)

Оваа делумна забрана се однесува исклучиво на шумите со кои стопанисува ЈП Национални Шуми.

Било кои лица кои имаат желба да планинарат во подрачјата во кои движењето е ограничено можат да побарат писмено одобрение за движење во една од 30-те локални подружници на ЈП Национални шуми.

ДЕЛУМНАТА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА:

- Парк шумата Водно

- Националните паркови Маврово, Галичица, Пелистер и Шар Планина“, пишува Ангелов на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести