Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слободен влез во кафулиња и ресторани и за тие кои прележале Ковид -19: Ќе мора да носат потврди

Слободен влез во кафулиња и ресторани и за тие кои прележале Ковид -19: Ќе мора да носат потврди

Потврда дека пациентот прележал Ковид-19 ќе биде доволна за влез во сите објекти од понеделник. Тоа е новина на првично усвоените мерки која денеска ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на болницата во Охрид. Сепак тоа важи само за првите 45 дена од прележувањето. После ќе биде потребен сертификат од вакцина.

Рече дека засега нема да има рестрикции за влез и излез од Македонија, но дека дополнително ќе се разгледува и тоа прашање. 

„Освен бараниот сертификат за вакцина, најмалку една доза, за влез на сите настани ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во рок од 45 дена. Сето ова ни укажува дека единствено решение е да се зголеми опфатот на вакцинирани. Верувам дека граѓаните ја разбраа пораката и навистина се зголеми интересот.  Популацијата која е вакцинирана и заболена е многу мал дел, што значи тоа се безбедни граѓани“, рече Филипче.

По завршувањето на првите 45 дена, од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина.

Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).



Слично

Поврзани вести