Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слободата на медиуми во Македонија поразителна - ЕП со многу забелешки

Слободата на медиуми во Македонија поразителна - ЕП со многу забелешки

Нашата земја е на дното по медиумските слободи. 

Македонија се наоѓа на последното место на Западен Балкан за почитување на медиумските слободи, соопштуваат од Истражувачкиот центар на Eвропскиот парламент. Оваа институција месецов на својот веб сајт објави краток извештај за состојбата со слободата на говорот во земјите од Балканот.

Во документот како главни причини за лошата медиумска клима во Македонија се набројани повеќе фактори, меѓу кои се неспроведување на постоечките закони, медиумите во сопственост на лица блиски до власта, зголемено насилство врз новинарите, клиентализмот, политизација и корупција, како и недостигот на политичка волја за промовирање на плурализмот во медиумите. 

Европскиот парламент ги повика земјите пристапнички да создадат поволна клима за работа на медиумите, погодна за објективно и точно известување.

Повикува на проактивна улога на професионалните организации и саморегулаторни тела, подобрување на ефикасноста на судскиот систем, политичка посветеност и поголема улога на граѓанското општество, каде на долг рок сите заедно треба да придонесат за подобрување на медиумската клима. Ова се само дел од забелешките во извештајот.

Во својот извештај Европскиот парламентарен истражувачки центар, се повикува и на истражувањето направено од страна на ЗНМ како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и заштита на новинарите“. 

Слично

Поврзани вести