Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Слобода за Палестина“ - се одржа протест во Скопје за поддршка на палестинскиот народ

„Слобода за Палестина“ - се одржа протест во Скопје за поддршка на палестинскиот народ

Во Скопје пред Мурат Пашината Џамија во Старата скопска чаршија денеска се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ.

Група граѓани со транспаренти „Слобода за Палестина“ побараа да запрат нападите во Појасот Газа. Емин Хусрев, претседател на здружението „Копру“ изјави дека нападите во последните дванаесет дена во кои се таргетираат цивили, меѓу кои значаен дел жени и деца, „кулминираа со бомбардирањето на баптистичната болница Ал Ахли, акт кој е неприфатлив за човештвото“. Вели дека Европа, САД и другите земји треба да заземат праведен став. Во повеќе земји имаше собири за поддршка на Палестинците. Во дел од европските метрополи имаше и немири. Во Берлин имаше повредени полицајци и приведени демонстранти. 

Слично

Поврзани вести