СЛИКАЊЕТО ВО ПРОЛЕТ ПРОДОЛЖУВА И ВИКЕНДОВ: Пунктот за промена на документите без закажување е отворен, еве до кога
Сите кои немаат термин за замена на лични документи со новото име на Републиката и во текот на викендов можат да го направат тоа во единствениот пункт за промена на лични документи без закажување.
Како што веќе е објавено, овој пункт е сместен во Полициската станица „Пролет“ во Скопје, а како што најавија надлежните истиот ќе работи и денеска (сабота) и утре (недела) од 8 до 16 часот.
Како што веќе обзнани МВР, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.
Исто така денеска во период од 8 до 16 часот денеска ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко.
Уште од првиот ден на отворањето на пунктот се формираше долга колона од граѓани кои чекаа да се сликаат за промена на документите.
Отворањето на пунктот, но и долгите колони и фактот што пунктот се отвори тек откако залади, па многубројните граѓани мораат да чекаат на ладно, на отворено со саати да се сликаат за документи беше причина за остра критика од екс министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
- Редици граѓани, плаќаат скапи цени за пасоши и лични карти со „северна“ кои МВР нема капацитет да ги направи и дистрибуира во законскиот рок.
Лошото и катастрофално менаџирање на Министерството за внатрешни работи, повторно паѓа на грбот на граѓаните - напиша Чулев, а деталите од неговата критика може да ја прочитате на овој линк.
