Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛИКАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ДЕНЕСКА И УТРЕ: Помесетени се термините поради надградба на системот

СЛИКАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ДЕНЕСКА И УТРЕ: Помесетени се термините поради надградба на системот

Министерството за внатрешни работи веќе извести дека поради надградба на системот за лични документи, од 11. 06. 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15. 06. 2021 година (вторник-во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје. Затоа за тие термини сликање ќе има денеска и утре. 

Имено, граѓаните кои имаат закажан термин за 14. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат денеска (05. 06. 2021) на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано. Граѓаните кои имаат закажан термин за 15. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат утре (06. 06. 2021) на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано, соопштуваат од МВР.
Тие кои имале закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11. 06. 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11. 06. 2021 година) до 16 часот.

Граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11. 06. 2021 година до 16 часот или од 16. 06. 2021 година.

May be an image of text


Слично

Поврзани вести