Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слетал од Дубаи со симптоми на грип: ново лице се тестира на коронавирус на Инфективна

Слетал од Дубаи со симптоми на грип: ново лице се тестира на коронавирус на Инфективна

На Клиниката за инфективни болести пред неколку часа е примено лице кое слетало од Дубаи со симптоми на грип и врз кое се вршат тестови за корона вирус.

За ова информираше министерот Венко Филипче кој кажа дека пациентот минал шест дена во Дубаи а резултатите ќе бидат готови за 2-3 часа.

Доцна синоќа тест за коронавирус беше направен на лице кое само се пријавило на клиниката а за среќа тестот е негативен.

Надлежните апелираат да не се крева паника, но и за не се патува во земјите кои се жариште и каде што допрва пламнува вирусот кој ја покоси Кина.


Слично

Поврзани вести