Сулејман Реџепи повторно не дојде на сослушување
Сулејман Реџепи повторно не дојде на закажаното сослушвање во обвинителството за ширење на говор на омраза, откако за судијката која му врачи судско решение на Скендер Бузаку како поглавар на Исламската верска заедница рече дека нема да му биде криво „ако таа почине, бидејќи слушнал дека тешко боледува“.
Во меѓвреме реисот е избришан од верскиот регистар и там е впишано името на Бзак, додека Реџепи тврди дека ја има поддршката од муфтиите во Ријасетот..
Реџепи не дојде на разговор во обвинителството нит минатиот пат кога не се појави на закажаниот распит за уште еден говор на омраза кога објави видео во кое вели дека „не се живее со див народ без идентитет“
Официјално оправдание за денешното непојавување до скопското обвинителство Реџепи не испратил но од неговиот кабинет тврдат дека неговиот адвокатот денеска бил во контакт со обвинителството.
Од обвинителството велат дека Реџепи ќе биде повторно повикан кон средината на мај.
