Следува уште еден дождлив викенд
Доколку планирате утрешниот ден да го поминете во шетање задолжитено понесете со себе чадор. Променливо облачно и нестабилно време, со локален пороен дожд и засилен ветер, е времето кое го најавуваат синоптичарите за викендот кој следува. Посебно нагласуваат дека се очекуваат врнежи од дожд, на некои места проследени и со грмежи. Утринските температури во земјава ќе се движат од 5 до 10 степени целзиусови, додека дневните температури на воздухот според метеоролозите се очекува утре да се движат од 14 до 20 степени.
За вториот ден од викендот синоптичарите исто така најавуваат дожд, кој на некои места може да бидат и пообилни и проследени со грмежи. Минималните температури на воздухот во недела ќе се движат до 4 до 9 степени, а максималните дневни температури ќе се движат од 13 до 20 степени, велат метеоролозите.
Викендот, сепак искористете го за уживање во затворен простор, игротека, или во домашна атмосфера поканете пријатели и за инает на времето уживајте во слободното време.