СЛЕДНО ОЛАБАВУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ ПО 15.ЈУНИ: Можно е укинување на полицискиот час, најави Филипче
Министерот за здравство, Венко Филипче во однос на олабавување на рестриктивните
анти-ковид мерки денеска истакна дека следниот состанок на Комисијата за
заразни болести ќе биде пред 15.јуни и тогаш, како што рече е можно да препорачаат укинување на некои мерки.
– Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15. јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, ако продолжиме со ваков тренд, еве денеска имаме навистина убава вест, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки, тука пред се мислам на полицискиот час и за некои организирања на настани, нагласи министерот Филипче.
Слично
