СЛЕДНИТЕ НЕДЕЛА ДО ДВЕ ЌЕ БИДАТ КЛУЧНИ ДАЛИ АЛИЈАНСА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА - преговори ќе има, ќе ги води комисија
Преговори за влез во Владата на Алијанса ќе има, а клучен период за тоа ќе бидат следните една до две недели. Со Владата ќе преговара Централното раководство на партијата на Таравари.
Во наредниот период тим на Алијанса на Албанците ќе разговара за евентуално вклучување на партијата во Владата, или ако се продолжи повеќе, евентуално да се прекинат и да се донесе конечна одлука. Претседателот на партијата Арбен Таравари, рече дека имале плодна дискусија, дел од членовите биле за, некои против, централното претседателство, раководството на партијата ќе треба да ја донесе конечната одлука.
– Централното собрание го овласти централното раководство на Алијанса за Албанците евентуално да одлучи понатаму да има официјална екипа којашто ќе разговара следните шест-седум дена до максимум две недели за евентуално вклучување на Алијанса за Албанците во Владата или ако тоа продолжи повеќе евентуално да прекине и да донесе конечна одлука – изјави Таравари.
Комисијата ќе се бира на првиот состанок, во текот на наредната работна недела, дотогаш централното претседателство ќе избере комисија која ќе ги почне преговорите.
– Имаше дискусија. Имаше плодна дискусија. Има коишто мислат дека е добро да се направи поинакво владеење, да се покаже каков капацитет за владеење има Алијанса за Албанците, а имаше и членови на Централното собрание коишто мислеа дека треба да се продолжи со опозитаризмот, така што не овласти како Централно претседателство сега да ја донесеме конечната одлука. Таа комисија ќе ја избира Централното претседателство. Се надевам дека на првиот состанок што ќе го има во тек на оваа недела што е пред нас – изјави Таравари.
