Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛЕДНИОТ ВИКЕНД СЕ ВРАЌА ЗИМАТА? Првичните нумерички модели цртаат студ и снег на Балканот

СЛЕДНИОТ ВИКЕНД СЕ ВРАЌА ЗИМАТА? Првичните нумерички модели цртаат студ и снег на Балканот

Има интересна ситуација на нумеричките модели од денес, а тоа е дека веќе на нумеричките модели се црта враќање на зимата и на студеното време, како и на снегот на повеќе места во Европа  и на Балканот од следниот викенд, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Се црта спуштање на студен воздух од север, што значи дека температурите значително би опаднале и би биле минусни на повеќе места, особено во утринските  и ноќните часови, со што се очекува  и појава на мраз. Секако со ова очекуваме  и снег понекаде  и на помала надморска височина, додека Скијачките центри и останатите планини би добиле нешто повеќе снег.

Секако ова е многу неофицијално, но сепак вреди да се објави во јавноста и да се спомне. Нормално ние континуирано ќе ја следиме состојбата на нумеричките модели и постојано ќе информираме“, објави Попоски.



Слично

Поврзани вести