Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЛЕДНИОТ РОДЕНДЕН ЌЕ ГО СЛАВИМЕ МНОГУ, СИТЕ ЗАЕДНО“: Вјолца Бајрами му честиташе роденден на Перперим на фејсбук

„СЛЕДНИОТ РОДЕНДЕН ЌЕ ГО СЛАВИМЕ МНОГУ, СИТЕ ЗАЕДНО“: Вјолца Бајрами му честиташе роденден на Перперим на фејсбук

Вјолца Бајрами, вработена во службите во Собранието,  во јавен пост на ФБ му го честита роденденот на нејзиниот брат, бегалецот од правдата и ексдиректор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами. 

Среќен роденден на мојата сродна душа

Ти си гордоста на семејството, се ќе се заврши како твојата чиста душа.

На повидок е крајот на оваа политика.

Остани силен и смирен, те чува Господ заради добрите дела што ги имаш направено. Ние и Господ знаеме на колку семејства си помогнале.

Те сака твојата сестра и многу сум горда на тебе.

Следниот роденден ќе го прославиме заедно, напиша таа на фејсбук.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра.




Слично

Поврзани вести