СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ВО БРИСЕЛ: Почнуваме преговори за полноправно членство во НАТО
Македонија наредната недела во Брисел ќе почне преговори за полноправно членство во НАТО, најави владата.
Како се наведува, Владата ја прифатила „Информацијата за елементите за пристапните преговори за членство во НАТО“, на кои Македонија треба да се приклучи на 18 и 19 октомври во Брисел.
Усвоена е и „Информација за формирање на Работен комитет за интеграција на Македонија во НАТО“, чии членови се задолжени да ги спроведат претстојните пристапни преговори.
Македонија на 25 јули формално ги почна пристапните преговори за прием во НАТО, бидејќи покана за тоа на 12 јули доби на самитот на Алијансата во Брисел.
Членството на Македонија во НАТО е условено со целосна примена на договорот со Грција за решавање на меѓународниот спор, со кој, меѓу другото , е предвидено идното име на државата да биде „Република Северна Македонија“.
Фото: Влада
