Економија, финансии, бизнис

Контакт

Следната недела студен бран и снег во Македонија

Следната недела студен бран и снег во Македонија

Следната недела се очекува студен бран во Македонија и можности за врнежи од снег. 

Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер,  опаѓање на дневната температура и услови за слаби локални врнежи од снег и дожд.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. 

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Нашето подрачје се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса, така што во деновите од викендот и почетокот на следната недела ќе се задржи стабилно и суво време. Температурата ќе биде во благ пораст.

Утре утринската температура ќе биде -6, а во недела -5 степени. 

Во понеделник ќе биде -3, во вторник -2 и среда пак -3 степени. 

Слично

Поврзани вести