Следејќи координати на мапа, Норвежанец залутал во касарната „Илинден“ и завршил во полиција
Полициски службеници на 14 јуни околу 15:30 часот во касарната „Илинден“ во Скопје го лишиле од слобода Е.К.Т., 28-годишен државјанин на Норвешка, поради сомнение за неовластено влегување во воен објект.
Според информациите од полицијата, тој бил приведен поради сомнение за сторено кривично дело според член 350 од Кривичниот законик, кое се однесува на неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства.
Норвежанецот бил задржан во Полициската станица Карпош. Пред полицијата изјавил дека, следејќи координати на мапа, случајно влегол во кругот на касарната.
Случајот се документира, а по целосното расчистување ќе следува соодветна пријава.
Слично
