Славчо Попоски најавува суши и пеколни горештини и за септември
Метеорологот Славчо Попоски најавува суши и пеколни горештини не само за август, туку и за септември.
„Според најновите анализи со кои располагаме, укажуваат на тоа дека се до самиот крај на овој месец, како и во септември, територијата на Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса со потекло од северните предели на Африка и истата ќе условува многу високи, и значително натпросечни температури на воздухот. Температурите повремено ќе надминуваат и 40 степени, и тоа во централните и во југоисточните предели, особено до самиот крај на овој месец. А натпросечно топло време, и летни температури ќе имаме и во септември“, вели Попоски.
Развојот на нестабилност ќе биде поретка и пократкотрајна појава што значи дека ќе имаме повеќе суво време, а сушата и понатаму ќе продолжи во нашата држава, што не оди во прилог со пожарите кои ја зафатија државава во изминатиов период.
