Славјанка Петровска вдоми кученце кое се појави додека држеше говор
Во касарната „Јане Сандански“ во Скопје денеска додека министерката за одбрана Славјанка Петровска држеше говор, мало улично кученце се качи на бината барајќи вода.
Истото кученце дефилираше и додека им честитаа на новите потпоручници и офицери во Армијата. Петровска соопшти дека кученцето ќе го однесе на ветеринар, а потоа и ќе го вдоми кученцето, кое ќе биде нов чувар во Министерството за одбрана.
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска имаше промоција на 23. класа потпоручници, а на свеченоста беа врачени награди за тројцата најдобро рангирани.
Слично
