Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славјанка Петровска треба да му плати на Христијан Мицкоски 23.568 денари казна за клевета

Славјанка Петровска треба да му плати на Христијан Мицкоски 23.568 денари казна за клевета

Премиерот Христијан Мицкоски објави пресуда според која Славјанка Петровска, поранешната министерка за одбрана, треба да му плати обештетување од 23.568 денари поради клевета.

Пратеничката треба да го плати и објавувањето на пресудата во весник и на својот ФБ-профил, а и да објави извинување. Оштетата која ја барал Мицкоски била 40.000 денари.

Премиерот ја тужел Петровска, според она што може да се прочита во пресудата, за одобрување на мафијашки пресметки.

„Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене. Судот ѝ наложи не само да ми се извини, туку и да ја објави пресудата во медиумите, затоа што вистината мора да излезе на виделина“, објави Мицкоски.



Слично

Поврзани вести