Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славјанка Петровска: Престрелките во Скопје продолжуваат поради неспособната власт

Славјанка Петровска: Престрелките во Скопје продолжуваат поради неспособната власт

Славјанка Петровска, актуелната пратеничка и поранешна заменик министерка за внатрешни работи, реагира дека новата власт не може да ги сопре мафијашките престрелки низ Скопје, по синоќешното пукање во Сингелиќ во Скопје, 

Едно лице со повреди е донесено во Градската општа болница. Пукано било во возило во движење во кое имало две лица.

„Вечерва повторно престелка во Скопје, има повредени. На ваква неспособна власт не и треба ДУИ за дестабилизација, доволно неспособни се самите да дозволат хаос! Доста се сликавте, дај почнете да работите, власт сте!! п.с оние "безбедњацине" од ДПМНЕ нешто ги нема...“, напиша поранешната министерка за одбрана на својот профил на Фејсбук.

Од МВР се огласија по повод инцидентот синоќа во близина на скопската населба Ченто, каде што било пукано во возило со австриски регистарски ознаки, при што едно лице било пренесено во болница.

„На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. ,,Александар Македонски”од патничко возило во движење било пукано во патничко возило ,,пасат” со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, стои во извештајот на МВР.


Слично

Поврзани вести