Славјанка Петровска: Пратеничкиот надзор над АНБ нема да биде корисен за јавноста
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Тема на денот“ на Сител рече дека јавноста нема да има корист од посетата на група пратеници и надзорот над Агенцијата за национална безбедност, доколку спорните материјали кои се актуелни деновиве не се декласифицираат, иако тие, како што вели пранешната министерка за одбрана, се дел од обвинителска предистрага.
- Ние како надзор не смееме ништо да ви довериме, ние само ќе можеме да гледаме, да ги слушаме прашањата и да климаме. Прсто е така кажано. Ќе биде предмет на тоа дали е мое видување или не е мое видувањет, или е на колегите кои што се од власта, и така натаму. Нема да биде вопшто кориснио од ваков надзор под превезот на класифицирани дкументи. Тоа нема да биде од никаква корист за јавнста
И повторно оваа тема нема да биде затворена и со право секој еден ќе ги поставува прашањата, со тоа што тој надзоор што ќе се одржи в среда ќе се запрашаме дали навистина нештоо сме виделе. Таа информација што ќе ја добиеме ќе остане класифицирана, а ние би одговарале кривично ако зборуваме за тоа јавно, рече Петровска.
Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност треба допрва да одржи седница. Седницата следи откако Агенцијата за национална безбедност и премиерот Христијан Мицкоски обвинија дека тој за време на претходната власт бил прислушуван и следен, а бившото раководство на АНБ и опозициониот СДСМ рекоа дека тоа се измислици и оти Мицкоски никогаш не бил цел на прислушување.
