Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славјанка Петровска: Го ценам придонесот на Софија Куновска за СДСМ

Славјанка Петровска: Го ценам придонесот на Софија Куновска за СДСМ

Славјанка Петровска, поранешната министерка за одбрана и претендент да стане лидер на СДСМ, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денеска рече дека било грешка отстранувањето на Софија Куновска од партијата.

Куновска беше поранешна пратеничка и претседател на СДСМ Скопје, но од 2016 стана голем критичар на раководството на партијата.

„Не можам да кажам дека, иако некој ќе се налути, не го ценам придонесот кој го има дадено Софија Куновска - во градската администрација и во Собранието кога требало, иако таа е гласна и е критичар на тоа што го прави СДСМ.

Ама јас го ценам нејзиниот придонес во партијата, дури ги ценам и нејзините коментари, кои се критични и може се однесуваат и на мене. Но, јас го ценам тоа затоа што сметам дека така треба да функционира една партија.

Покорисно, според мене, би било да и било овозможено да дискутира во органите на партијата“, нагласи Петровска.

Слично

Поврзани вести