Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славјанка Петровска е позитивна на коронавирус

Славјанка Петровска е позитивна на коронавирус

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска е позитивна на коронавирусот. 

Таа вели дека денеска попладнето добила покачена температура и омалаксаност додека била во Собранието, по што направила тест и резултатот бил позитивен.

„Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска. Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се“, напиша Петровска на Фејсбук.

Во Македонија денеска има 870 заразени. 

Слично

Поврзани вести