Славјанка Петровска: Британија ми направи голема чест со „Јовано, Јованке“
Министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата КликПлус на ТВ21 рече дека неколку дена пред нејзината посета на Велика Британија му соопштила на британскиот колега за омилената песна „Јовано, Јованке“, а потоа тој се погрижил оркестарот да ја научи и изведе.
- Бев прашана која е мојата омилена традиционална македонска песна. Се разбира дека таа за мене има посебно значење. Гестот беше онаков како што доликува на две пријателски земји, рече Петровска.Таа ги осуди коментарите дека оваа традиционалнат македонска песна била замена за македонската химна и додаде дека воениот протокол не предвидува такво нешто во нејзината ситуација.
- Искрено жалам и се чувствувам помалку засрамено од дел од јавноста која што се обиде овој пречек на нашата држава да го засени со недолични коментари. Тоа пробуди и амбасадата на Обединетото Кралство да реагира. Жалам што во овој случај немаше прашања дали била или не била интонирана химната и, ако не, зошто не била, туку секогаш се почнува со осуда. Тоа само покажа дека во изминатиот период сме сведоци на организиран напад кон министерството и армијата за да бидат дискредитирани. Протоколот на Британија наложува дека секоја државна химна се свири само кога доаѓа и кога се пречекува шефот на државата, а кога доаѓа министер, како мојот случај, тогаш се спроведува воениот протокол, објасни Петровска.
