Славјанка Петровска бара изградба на споменик на загинатите бранители кај Вејце
Министерката за одбрана Славјанка Петровска објави дека поднесува иницијатива за изградба спомен-одбележје на паднатите бранители кај Вејце во конфликтот во 2021. Реализацијата сепак зависи од тоа како ќе одлучи Општина Тетово.
- Заради оддавање почит кон загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија кои своите животи ги загубија во масакрот кај Вејце, поднесувам иницијатива согласно член 18 од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата Советот на Општина Тетово да донесе одлука за подигање на спомен-обележје, објави Петровска на нејзиниот фејсбук профил.
Таа очекува дека и Општина Тетово ќе одговори позитивно. Досега таму имаше спомен-плоча, која редовно се уништува и исчезнува.
- Овие настани не треба и не смее да нè разделуваат, напротив, тие треба да бидат паметник од минатото, грешките да не се повторат и страдањата да не оживеат, напиша Петровска.
