Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славјанка Петровска бара 10.000 евра од Ковачки, ако ги добие ќе ги донира

Славјанка Петровска бара 10.000 евра од Ковачки, ако ги добие ќе ги донира


Денеска во Основен суд 2 се одржа подготвителното рочиште за судскиот спор кој го иницираше министерката за одбрана Славјанка Петровска против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен полковник, Драган Ковачки. 

Петровска го тужи Ковачки откако овој објави детали од психијатриски наод за министерката.  Петровска денеска во изјава по рочиштето од судскиот процес против Ковачки рече дека од него бара отштета од 10.000 евра.

Доколку ги добие парите како надомест за нарушена чест и углед, ќе ги донира, како што рече, во добротворни цели. 

„Немам намера да задржам пари од нечесни луѓе“ и најави дека ќе бара  јавно извинување на прес-конференција на начинот на кој Ковачки го искажал лажното клеветење кон неа.

Ковачки по судењето изјави дека Петровска со ова вештачење од страна на специјалист психијатар само ја манипулира јавноста, укажувајќи дека дури и премиерот Димитар Ковачевски кажал дека истото е само за потребите на судот, но не и за потребите во текот на извршување на работата, што како што рече тој не би требало така да биде.


Слично

Поврзани вести