СЛАВИЦА КУТИРОВ ПОДНЕЛА ОСТАВКА ОД ЛИЧНИ ПРИЧИНИ - заминува од фотелјата во Царина, ќе гради кариера на меѓународен план
Славица Кутиров, директорка на Царината во земјава, на денешната владина седница си поднела оставка од лични причини.
„На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја прифати мојата оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на мојата професионална кариера на меѓународен план.
Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата.
На новиот директор му го честитам назначувањето на функцијата и му посакувам успешна работа и уште подобри резултати“, гласи изјавата на Кутиров дадена за медиумите.
Инаку, медиумите јавија дека за нов прв човек на Царинската управа е избран Стефан Богоев, поранешен градоначалник на општина Карпош.
