Славица Грковска - вицепремиерка за борба против корупција?
Поранешната пратеничка на СДСМ, Славица Грковска. ќе биде новата вицепремиерка за борба против корупција на местото на Љупчо Николовски, кој пак би станал министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На местото на Јагода Шахпаска во Министерството за труд и социјална политика би дошла Јована Тренчевска, која сега е директорка на Државниот инспекторат за труд. Пратеничката Славјанка Петровска, која беше заменик-министерка за внатрешни работи во техничката Влада пред предвремените парламентарни избори во 2020 година, би ја заменила Радмила Шекеринска. Како што објави „360 Степени“, пратеничката и нова потпретседателка на СДСМ; Бисера Костадиновска Стојчевска, е предложена за министерка за култура на местото на Ирена Стефоска.
СДСМ за вечер го свика Централниот одбор на кој треба да биде дефиниран списокот со членови на новата Влада а апотоа да биде испратен во Собранието.
