Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слави Трифонов вели дека Заев се сретнал со луѓе кои не се ништо

Слави Трифонов вели дека Заев се сретнал со луѓе кои не се ништо

Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов на средбата со студенти во Пловдив изјави дека денеска македонскиот премиер Зоран Заев во Софија се сретнал со луѓе кои не се ништо. 

„Денес, Зоран Заев се состана со Бојко Борисов и Корнелија Нинова.Тој мораше прво да се види со претседателот и премиерот“, рече Трифонов.

Вели дека Македонија не може да започне преговори без да го исполни „потребното“.

„Се додека Бугаринот не е спокоен во врска со својата историја, што е РСМ, нашето мислење ќе биде исто како и на сите Бугари“, додаде тој. 

Заев се сретна со привремениот премиер Стефан Јанев, и со претседателот Румен Радев. Трифонов освои значителен број на гласови на последните избори во Бугарија. 

Заев на средбата со Радев изјави дека градењето на пријателството меѓу братските народи на двете земји е обврска на лидерите кои пред себе треба да ја имаат перспективата на младите.

Слично

Поврзани вести