Славески: ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори
ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори, изјави вечерва членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии, Трајко Славески.
Славески рече дека ќе разговараат за вонредните парламентарни избори и за термините за нивното одржување: 25 ноември, 2 декември, 9 декември или на пролет.
„Првото прашање е подготовка на партиската инфраструктура, кое е почнато. Второто е подготовка на иновативната програма со која ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на вонредните парламентарни избори макар тие да се одржат за месец и пол од овој момент. Ние сме во завршна фаза на подготовката на програмата. Има многу новини, проритет повторно е економскиот раст, мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните“- изјави Славески.
Уставните измени се апсолвирани и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласаат, рече тој.
Слично
