СЛАВЕСКИ: На албанските опозициски партии ова им е историска шанса да го развластат ДУИ
Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа истакна дека најдобро ќе беше премиерот Заев да ја поднесеше оставката наредниот ден по нејзиното објавување, со што македонските граѓани би биле поштедени од политички драми.
„Мнозинството на хартија со кое опозициските партии денес ја поднесоа иницијативата за гласање на недоверба на владата ќе се потврди во четврток. Најверојатно, опозициските албански партии ќе си го потврдат својот заклучок, дека сега им е единствената историска шанса да помогнат во развластувањето на ДУИ и тоа е надеж за нив да просперираат како партии. Тоа може да се случи многу брзо за нив“, вели Славески.
Слично
